Огревно дрво има во доволни количини. Остатокот од нарачани дрва за пензионерите ќе биде испорачан кога од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца ќе бидат исполнети обврските кон претпријатието, велат од охридската подружница на Македонски шуми, претпријатието за стопанисување со шуми „Галичица“.


На обвинувањата од здружението на пензионери дека се доцни со испораката на огревното дрво, од јавното претпријатие објаснуваат дека од нивна страна, досега се испорачани и поголеми количини,во однос на парите кои им биле платени од страна на пензионерите.

Од наша страна обврските според договорт во целост се подмирени. Испорачани се количини огревно дрво дури и повеќе од она што ни е платено. Остатокот дрва ќе го испорачаме заклучно 30- ти октомври, доколку здружението ги подмири обврските кон нас, вели техничкиот раководител во претпријатието за стопанисување со шуми „Галичица“, Зоран Најданоски.


Тој напоменува дека нивните служби, согласно договореното со здружението на пензионери вршат постојана испорака, и по 500 метри кубни дрва, дури и за време на деновите од викенд.

Од страна на претседателот на здружението на пензионери, Ѓорѓи Трпчески, беше кажано дека пензионерите се вознемирени поради тоа што доцни испораката на огревно дрво и за тоа го обвини јавното претпријатие дека и покрај договореното тоа не ги исполнало обврските кон пензионерите.

Т. Кувенџиска