Доколку повеќе не одите на училиште или на факултет, обидете се да се сетите кога последен пат сте зеле пенкало во рацете. Истражувањата покажуваат дека деновите на користење на хартија и пенкало се одбројани.

Имено, возрасна особа во просек  минува дури чест недели без да земе да напише нешто со рака.

Во ера на мобилни телефони и компјутери пишувањето на потсетници е одброено, покажува истражувањето на Docmail, според кое просечен човек на секој 41 ден пишува нешто со рака.

Најголем дел од испитаниците рекле дека пишувањето со рака им служи најчесто како потсетник дека нешто важно мора да завршат, а дури и тогаш пишуваат многу кусо.

Дел од анкетираните рекле дека се срамат од својот ракопис, а некои од нив правеле и граматички грешки при пишување.

Според тоа, може да се заклучи дека идните генерации целосно ќе бидат зависни од тастатура.

OhridNews
извор „Макфакс“