Градоначалникот Никола Бакрачески, оствари средба со претставници на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебарца, на која им го честита освеното прво место на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија.

– Ви го честитам освојувањето на првото место и преодниот пехар на Деветнаесеттата спортска олимпијада на пензионерите на Република Македонија.Воедно, Ви ги чеситам и освоените пет златни,четири сребрени и една бронзена медаља, како и двете петти, двете седми и едното осмо место за кои се изборивте во 11 спортски дисциплини во конкуренција на 400 пензионери од 43 здруженија.На пензионерските олимпијади веќе четири години го освојувате првото место и затоа Вашите витрини ги краси големиот пехар во трајна сопственост. Тоа е круна на Вашите спортски успеси, кои се надевам ќе продолжат и во наредните години- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Градоначалникот потенцира дека ќе се реализираат низа проекти во интерес на пензионерите, меѓу кои и изградбата на Дом за стари лица.

Претставниците на пензионерите најавија дека нивните спортски успеси ќе продолжат и во иднина и дека со тоа им даваат пример на помладите генерации. Претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, по средбата изјави дека досегашната соработка со локалната самоуправа  во иднина ќе се продлабочува.

OhridNews