Претставници на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебарца денеска остварија средба  со градоначалникот Никола Бакрачески.

На средбата, градоначалникот беше запознаен со организацијата, работата и активностите кои ги остварува Здружението како и плановите за понатамошно делување на оваа категорија на граѓани во општественото живеење.


Изградбата на Пензионерскиот дом, начинот и средствата потребни за одржување на просториите каде што е сместено Здружението на пензионери, потребата од формирање на Клубови на пензионери  и размена на мислења за збогатување на формите на соработка помеѓу Општината и Здружението, беа меѓу  темите за кои се разговараше на средбата.

Градоначалникот Бакрачески вети соработка во делот на активностите кои ќе произлезат од работата на Здружението и  најави дека ваквите средби ќе станат пракса и ќе се одржуваат во континуитет.

OhridNews