Во присуство на претседателот на владата, Зоран Заев, вчера во Радовиш, беа отворени 23-те републички пензионерски спортски натпревари, на кои учество зедоа 500 натпреварувачи од 32 здруженија на пензионери од земјава.
На натпреварите кои за отворени ги прогласи министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, учествуваа 50 спортисти од здружението на пензионери од Охрид и Дебрца кои се натпреваруваа во 11 дисциплини.
Годинава охридските пензионери го освоија третото место. Натпреварувачите од Охрид и Дебрца освоија златен медал во категоријата фрлање ѓуле, две втори места во трчање на 60 и 80 метри, трето место во гаѓање со воздушна пушка во машка конкуренција, и неколку 4 и 5 места.
Поединечно најдобри беа Насте Иваноски, Јован Јанакиески, Ѓоко Јанески, Благица Маркулески.
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца е во фаза на подмладување со членови, па се очекува во наредните години повторно да се врати шампионската титула во нивни раце, со оглед на тоа што во изминатите шест години првото место секогаш беше резервирано за охридските натпреварувачи.
OhridNews
















