Во рамки на одбележувањето на „ Неделата за грижа на старите  лица“ преставници на  Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денеска ја посетија охридската Општа болница Охрид. Целта на посетата беше да се информираат за грижата на пациентите во Геронтолошкото оделение во кое се сместени  над 30 лица, како и за условите и згрижувањето и здравстевствената заштита на пезионерите кои се лекуваат во одделенијата при Охридската болница.

Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Лубен Арнаудов, информираше дека условите за лекување  на сите пациенти во сите одделенија, и на пензионерите се на завидно ниво,особено со реконструкцијата на болницата. Директорот Арнаудов информира дека во тек се  активности за изградба на нов објект, непосредно до постојното Геронтолошко одделение, во кој ќе има 50 соби и ќе биде со капацитет за сместување на 100 пациенти. Техничката документација е во тек, а изградбата  на новото одделение ќе започне со обезбедувањето на потребните 260.000 евра,кои ќе се обезбедат од донатори од Охрид и од иселеници, здруженија и други асоцијации.

На средбата, а по повод „ Неделата за грижа на старите лица“, претседателот на Извршниот одбор  на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески на директорот и дел од лекарскиот тим  при Општа болница им додели благодарници за здравствена помош и усшеното лекување на пезионерите во болницата.
     

OhridNews