Партијата на пензионери ја подржува иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија, во Собранието, како и сите други демократски постапки со цел да се спречи можноста за ново „правно цунами кое ќе ги збрише правдата и демократијата“ и ќе ги уништи и последните надежи на правдољубивите и чесни граѓани на нашата земја.
Апострофирајќи ги и почитувајќи ги правдата и демократијата, како врвни приоритети на нашето општество, претседателот на ПП, пратеникот, генерал Илија Никловски, потенцира дека пензионери, и како членови на ПП, но и оние од СП, со неверување и зачуденост го следат постапувањето на Уставниот суд во врска со прифаќањето на иницијативата за преоценување на член 11 од Законот за амнестија.

OhridNews













