Денеска членови-активисти на раководството и Активот на пензионерки при Здружението на пензионерите на Охрид и Дебарца, ќе го посетат Геронтолошкото дделение при ЈЗУ Општа болница во Охрид. При посетата пензионерите, ќе ги почестат штитениците од ова одделение со слатки, пити, колачиња и други домашни специјалитети.
Оваа традиционална предновогодишна посета е во рамките на Програмата за активности на здружението, односно грижата за старите изнемоштени лица во здравствените установи.
Инаку, секоја година Здружението на панзионери врши посета на околу 30-на пензионери и во руралните средини, кои се осамени и незгрижени И им врачува прехранбени артикли во вредност од по 1.000 денари.
OhridNews