Во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, вчера, проф. д-р Зоран Тунтев од локалниот лајанс клуб Лихнидос одржа предавање пред членовите на Здружението на пензионерки од градот. Тунтев говореше за седумте чуда на Охрид. На присутните им беа презентирани туристичките атракции на градот, односно, антрополошките богатства кои Охрид ги нуди низ вековите.


Од локалниот лајанс клуб Лихнидос, не информираа дека вакви предавање се организираат секоја година, од различна област. Тие најавија продолжување на традиционалната соработка со невладините организации.

„Целта е да се прават заеднички акции. Во иднина ќе организираме манифестации од типот на „тортијада“. Со паричните средства од продажбата на тие производи, ќе се финансираат активностите на здружението на пензионерки од Охрид.“ – истакна д-р Диел Аголи,  член на ЛК Лихнидос.



Инаку, пензионерките од Охрид ја имаа привилегијата, за прв пат во земјава да го слушнат предавањето на професорот Тунтев. Изминатиов период, ова предавање беше презентирано во Европскиот парламент, како и на уште многу големи настани во Европа.

О.Т