Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез му одговори на Кристијано Роналдо по повод неговите изјави дека е не се чувствува среќен во дресот на Реал, со зборовите дека „тоа требало да го каже пред истекот на преодниот рок“. Челниците на Реал овие денови се наоѓаат во незавидна ситуација, кога станува збор за најголемата звезда во тимот, тие веруваат дека Роналдо е незадоволен од платата која ја добива во клубот.

„Дека е несреќен во клубот требаше да каже пред истекот на преодниот рок, сега не можеме на сториме ништо“, рече Перез, кој очигледно нема намера да му ја зголемува платата на својот најдобра играч, особено во ситуација кога Шпанија се наоѓа во тешка економска криза. Шпанските медиуми веќе започнаа да го селат Роналдо во Манчестер Сити или Пари Сен Жермен, а според истите извори Реал е подготвен да го продаде за сума од 150 милиони евра, но евентуалниот трансфер би можел да биде реализиран дури во јануарскиот преоден рок.

Раководството на Реал наведува дека нема намера секоја година со Португалецот да потпишува нов договор, нешто што беше случај додека тој го носеше дресот на Манчестер Јунајтед. Роналдо со Манчестер Јунајтед пет пати го обновуваше договорот, на крајот Фергусон, несакајќи повеќе да биде уценуван, реши да го продаде во Реал.

Ohridnews
“Макфакс“