Македонскиот интернационалец во редовите на Црвена Ѕвезда, Перо Антиќ уште еднаш на дело ја покажа својата спортска величина која ја ужива во нашата земја и кошаркарските кулоари во Европа.
Антиќ заедно со Кошаркарскиот клуб Гостивар ќе ги покријат дифицитарните 8 000 евра колку што се потребни да се стигне до 17 000 евра за лекувањето на Стеван Гешоски-Гешо во Москва.
Поранешниот македонски репрезентативец Гешо пред две години имаше мозочен удар и последиците се страшни. Тој има попреченост на говорот и парализирана му е десната страна. Со терапија со матични клетки лекарите во Русија се надеваат на подобрување на состојбата и враќање на говорот и виталните функции на популарниот Гешо.
Во хуманитарната мисија во собирање на средства за Гешо се приклучија МЗТ Скопје и Работнички кои парите од билетите од последната дерби пресметка ги пренасочија на неговата сметка и судиите кои се откажаа од личниот доход од еден натпревар.
OhridNews