Во вториот меч сезонава во Евролигата, Црвена Ѕвезда ги запиша првите бодови на своето конто победувајќи ја Барселона во „Пиониор“ со 90-82.
„Црвено белите“ одиграа добар натпревар, имаа водство 14 поени и негатива еден поен во последната четвртина, но покажаа карактер и ја зграпчија победа во решавачките 2-3 минути од мечот. После натпреварот македонскиот интернационалец Перо Антоќ кој за еден скок не комплетираше „дабл дабл“ учинок откри интересна анегдота.
– Се договоривме, во Пионир да дојдат оние кои веруваат во победа против Барселона, а дојдовме сите во соблекувалните порано од вообичаеното и ја остваривме. – изјави Антиќ и додаде – Ова е само една победа и нема одма да се залетаме. После двата порази во последните секунди ние кошаркарите и навивачите на Црвена Ѕвезда заслуживме вакво нешто. Работевме напорно на тренинзите цела недал и верувавме во победа.Немаме време за одмор и славење, бидејќи не очекува меч со Цедевита во АБА лигата.
Антиќ и тренерот имале договор за мала минутажа, но мечот го решија токму искусните кошаркари со неколку клучни поени. – Играм колку што можам иако не се договоривме да играм речиси едно полувреме. Но, кога ќе слезеш на терен и ги слушнеш навивачите добиваш додатна енергија и не размислуваш на ништо. – дополни Македонецот.
Прва радост за Црвена Ѕвезда и Антиќ во Евролигата
OhridNews