Кошаркарот со три титули во Евролигата, Перо Антиќ ќе се врати и ќе им помогне на кошаркарите во македонската репрезентација по еден услов ако успешно ја минат претквалификациската рунда за пласман на Светското првенство за две години.
„Црвено жолтите“ во преквалификациската фаза се наоѓаат со Косово и Естонија во групата, а пласман понатаму обезбедуваат двете првопласирани на табелата.
– Народот доволно ме познава, дека јас кога ќе кажам јас нешто дека не го погазувам. Дојдов во Македонија специјално по покана на Јорданчо Давитков кого многу го почитувам, новиот директор Гечевски и респект кон играчите. Пред крајот на сезоната имав повреда на листот, во совет со лекарите и кондицискиот тренер одлучивме да одморам малку. Јас дадов рака, откривам ексклузивно дека ќе играм во наредната рунда ако се квалификува репрезентацијата, што не се сомневам во тоа. – изјави Перо Антиќ за „Дојче Веле“, пренесува „Гол.мк“.
OhridNews