Информацијата која ја лиферуваа српските медиуми за враќањето на Перо Антиќ во Црвена Ѕвезда се покажаа точни, откако клубот и македонскиот кошаркар се договорија за нова соработка.
Со ангажманот на Перо Антиќ тимот од Калемегдан ја завршува потрагата по висок играч кој ќе го брани обрачот. Во игра беа неколку играчи, но одлуката падна на Антиќ, кој и порано беше дел од „црвено белото“ семејство.
Антиќ дресот на Црвена Ѕвезда го носеше од 2005 до 2007 година, а во меѓувреме настапи во НБА Лигата и освои три шампионски титули со Олимпијакос и Фенербахче во Евролигата.
Македонскиот интернационалец и Црвена Ѕвезда потпишаа едногодишна соработка со можност за продолжување. Антиќ ќе биде предводник на новиот тим, кој годинава ќе има и нов тренер по заминување на Дејан Радоњиќ.
OhridNews