Три пријателки од Холандија пеш ќе го обиколат Охридското Езеро за да им помогнат на младите во селото Радожда да го одржат локалниот фудбалски клуб „Морнар“.На овој начин тие ќе ги промовираат активностите на асоцијацијата „Помош за Македонија“, која ќе донира средства за помош на фубдалскиот клуб „Морнар“ од Радожда.
Активистите на асоцијацијата предвидено е да остварат средби со градоначалниците на општините низ кои ќе поминат на патувањето околу Охридското Езеро.












