Со цел промоција на физичката активност, како еден од факторите за здрав начин на живеење, Црвен крст Охрид, утре, сабота,  организира пешачење по планинска патека до селото Велестово.

Сите заинтересирани кои се чувствуваат здравствено-физички подготвени можат да бидат дел од оваа активност чиј старт е во 9:00 ч. од платото пред спортската сала “Атина Бојаџи” (Билјанини Извори). Предвидено е искачувањето да трае еден час и половина, а после два часа одмор и освежување во Домот во с. Велестово, групата околу 13:00 ч. ќе се враќа во Охрид по асфалтниот пат.

Групата ќе биде водена и придружувана од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид.

OhridNews