На 17.07.2018 година околу 09,55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, товарно моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблици управувано од 69-годишен охриѓанец удрило во 51-годишен пешак од село Долно Перово, ресенско.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа-Ресен.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Ресен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews