Пешевски: Tреба да се заштити интересот на граѓаните, акционерите и вработените на Макпетрол
18.08.15 09:05
„Во однос на претпоставките кои се појавија кај дел од јавноста за можна енергетска криза во државата, не навлегувајќи во постапката на обвинителниот акт, кој е во надлежност на јавното обвинителство, би го истакнал ставот на Владата дека согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата Макпетрол“, објави вечерва вицепремиерот Владимир Пешевски на својот фејсбук профил. Овој став е пренесен и на веб страницата на Владата на Република Македонија.
-Исто така потребно е да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите. Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Република Македонија, вели Пешевски во својата објава.
Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41 пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како...
Директорот на Државна лотарија, проф д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека држава...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недос...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.