Грда слика ја „красеше“ крајезерската населба Пештани деновиве. Отпадот од пролетното чистење пештанци наместо на соодветно место, го одложија на улица.
Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” извршија вонредно чистење и подигнување на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани.
Беа подигнати големи количини на кабаст отпад, делови од мебел и покуќнина, килими, пластични и картонски амбалажи и други видови на отпадни материјали, информира јавното претпријатие.
Ова не е прв случај на несоодветно депонирање на отпад од страна на граѓаните. Екипите на ова јавно претпријатие секојдневно подигнуваат кабаст отпад од други јавни локации во градот и приградските населби.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ ги информираат граѓаните дека доколку имаат кабаст отпад кој треба да го депонираат, истиот треба да го пријават, за комуналните екипи да можат навремено и соодветно да го подигнат.
Општина Охрид јавно ги осудида до сторителите на вакви еколошки престапи и најавува засилени инспекциските контроли на терен, со цел да се спречат и санкционираат сторителите. Градот апелира ѓителите да покажат повисоко ниво на еколошка свест и да не го одлагаат отпадот на несоодветни локации.
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во македонската историја и државност, НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид...
На 09102026 во 10:10 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од друго лице, информираат од МВР Додаваат дека се преземаат мерки за рас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.