На подрачјето на полициското одделение Пештани, годинава регистрирано е едно неовластено пукање од оружје-сигнален пиштол, соопшти СВР Охрид. Случајот комплетно е расчистен со поднесување прекршочна пријава и одземање на пиштолот од прекршителот. Во Пештани од почетокот на јуни оваа година, случени се три нарушувања на јавниот ред и мир од кои две се комплетно расчистени.
Секторот за внатрешни работи Охрид и одделението за превенција, деновиве во Пештани го одржаа вториот состанок со членовите на советодавната група граѓани од населбата. На средбата биле согледани состојбите околу нарушувањата на јавниот ред и мир, неовластеното пукање со огнено оружје на семејни и други веселби, а се дискутирало и околу мерките за надминување на посочените проблемите.











