СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (28) од село Пештани, Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Според полицијата, на 23-ти јануари 2010 година, во населбата Даљан пријавениот за паричен надомест од 1.000 денари купил наркотична дрога „хероин“ и во повеќе наврати му овозможил на едно лице во влез од зграда да ја користат заедно. На 24-ти јануари 2010 година, при извршен претрес над пријавениот пронајдени биле 0,1 грам марихуана и осум семки.

OhridNews