Деновиве, пештанците Диме Бубески, Славчо Бакулески и Никола Бубески се искачија на највисокиот врв на Балканот, Мусала (2925 м.н.в.), кој се наоѓа на планината Рила во соседна Бугарија. Експедицијата ја организираше планинарското друштво  “Димитар Илиевски-Мурато” од Битола, а во неа учествувале и неколкумина битолчани.  

Искачувањето се одвиваше во еден ден, во добри, но на моменти и зимски временски услови поради малата снежна покривка. Сепак сончевиот ден ни овозможи да направиме одлични фотографии, велат тројцата пријатели од Пештани, кои како цел во наредниот период си поставија да се искачат на повисоките врвови на балканот: Вирен (2914м.н.в) на Пирин-Бугарија, Митикос (2917м.н.в) на Олимп-Грција, Триглав – Словениа, а планираат да го освојат и највисокиот врв во Европа Мон Блан ( 4810м.н.в.).




Пештанци го освоија највисокиот балкански врв

OhridNews