Предлог мерки за заштита од кражби и превенција од ваквите казнени дела е темата на седмиот состанок што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од Пештани.
    
На средбата која утре во 19 часот ќе се одржи во основното училиште „Св.Наум Охридск“ ќе стане збор за севкупните превентивни и репресивни мерки и заложби на полицијата за сузбивање на овој вид казнени дела, а во контекст на зачувување и зголемување на степенот на безбедноста во Пештани, но и на останатото подрачје што го покрива СВР Охрид.

Средбата со Советодавната група граѓани од Пештани, ќе биде искористена и за дискусија, договарање на мерки и градење стратегија за превенција на пожари на отворен простор во Националниот парк „Галичица“ со акцент на опожарувањето на стрништата со нискостеблеста вегетација.

На средбата со Советодавната група, покрај претставници на СВР Охрид и граничната полиција, ке присуствуваат претставници од Локалниот совет за превенција, од Националниот парк „Галичица“, од територијалната противпожарна единица како и  претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

OhridNews