Општина Охрид во рамки на Акцијата за чистење на цврст отпад од дното на Охридското Езеро, утре во 11 часот во основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани организира трибина со локалното население.

На трибината жителите од крајезерските населби ќе бидат информирани за текот на проектот, а од страна на нуркачкиот центар „Амфора“ ќе бидат објавени  резултатите од неколкумесечните истражувања и ќе биде презентирана и картата со одбележани зони на загаденост на Охридското Езеро со цврст отпад. 

На трибината ќе бидат поделени и флаери за подигање на јавната свест за незагадување на Охридското Езеро со цврст отпад и ќе бидат презентирани и понатамошните мерки и активности кои ќе се преземат за чистење на езерото од овој вид отпад.

OhridNews