На денешен ден пред пет години (05/06/2013) започна со работа Шила – концептуелниот бар и кафѐ во срцето на охридската чаршија.

Со низа идеи и иновации ШИЛА внесе свежина во урбаното живеење на Охрид и создаде препознатлива приказна и сопствен концепт. Нивниот бренд за кафе и смуди за носење “Shilla Smoothies“ беше првиот во градот од таков тип и наметна тренд кој продолжија да го следат и други.Синоним за убаво кафе, првокласни коктели како и низа културни настани и промоции го издвојуваат ова место и ја промовираат ШИЛА и како алтернативна арт сцена во Охрид.

Како што истакнуваат од менаџерскиот тим: “Визијата беше создавање на урбан простор кој ќе зрачи убава енергија а чиј впечатлив ентериер во комбинација со одбрана музика ќе инспирира амбиент на лежерност и уживање во долги разговори.“

Официјалната роденденска забава ќе се оддржи во среда 06. јуни со почеток од 22:00 со настап на Dj Face и Dj Jovan.

Поканата е отворена и важи за сите.

OhridNews