Со голема забава што ќе се одржи на 17-ти јануари, петок, познатата охридска кафетерија “Plan B” ќе одбележи пет години постоење. По тој повод вечерта ќе настапат Драган Мијалкоски и “Nice band”. Забавата започнува во 20 часот.
Во изминатите пет години “Plan B” создаде имиџ на урбано катче каде секојдневно се среќаваат луѓе од различни генерации, место каде се пие добро кафе и се оди за убав „муабет“ и забава.
OhridNews