Фрекфентниот магистралниот пат Охрид–Битола кој е изграден во средината на педесетите години од минатиот век е еден од најнесигурните во земјата. Во 2004 година овој патен правец беше реконструиран, но и покрај тоа тука често се случуваат сообраќајни несреќи со смртни последици.

Последната се случи вчера, во која 57-годишен велешанец  го загуби животот кога натоварениот камион кој тој го управувал излетал од патот и се превртел во близина на тунелите, една од многуте црни точки на овој патен правец.

Според најавите на Владата, Охрид и Битола во оваа деценија треба да се поврзат автопатски, но засега тоа сеуште е само идеја која стои на хартија, а  возилата и натаму сообраќаат по стар и небезбеден пат.

OhridNews