Изминатиот викенд на подрачјето на Општина Охрид регистрирани се три кривични дела “тешка кражба”, две кривични дела “кражба” и едно кривично дело “оштетување”, соопшти СВР Охрид. Во наведениот период се случиле три сообраќајни незгоди во кои е предизвикана само помала материјална штета.

Полицијата викендов во  Струга регистрирала две кривични дела  “тешка кражба”, едно кривично дело “кражба”, како  и едно кривично дело “тешка кражба во обид”. Регистрирани се и  две сообраќајни незгоди со помала материјална штета.

извор: СВР Охрид