СВР Охрид поднесе кривична пријава против пет лица поради незаконска експлоатација на минерални суровини. Имено, на 17 јули, полицијата во два наврати затекнала лица како превезуваат минерални суровини ископани без соодветна документација.

Во првиот случај, околу 10,30 часот во селото Лескоец, од страна на полицијата затекнато е товарно моторно возило „ Мерцедес“, управувано од П.С., кое било товарено со минерални суровини-тампон ископани месноста викана „Плелашица“, кои ги експлоатирале Љ.Ж. и Г.Л., а не поседувале соодветна документација. Експлоатацијата била вршена во повеќе наврати, при што се ископани вкупно 150 метри кубни тампон, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 22.500 денари.

Истиот ден, во селото .„Лескоец“, од страна на полицијата затекнато е уште едно товарно моторно возило управувано од Љ.К., кое било товарено со минерални суровини-тампон ископани од страна на Т.Т. во месноста Вршјак- село Лескоец, а за истото не поседувале соодветна документација. И во овој случај станува збор за експлоатација која била вршена во повеќе наврати, при што ископани се вкупно 150 метри кубни тампон, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 22.500 денари.

OhridNews