Пет лица се повредени во серијата земјотреси коишто вчера го погодија јужниот дел на Албанија, откако се урна една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Едниот земјотрес беше со јачина од 5,3 степени, а за два часа беа регистрирани шест потреси. Епицентарот на првиот земјотрес беше 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри. Потоа серија на потреси беа регистрирани на пограничните делови со Грција и со Северна Македонија.