Европската фудбалска федерација УЕФА го казни тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, со забрана за водење на екипата на пет натпревари.


УЕФА го казни “специјалниот“, поради обвинувањата за фаворизирање на лутиот противник Барселона во полуфиналните дуели од Лигата на шампионите.

Португалецот веќе издржа еден меч од забраната во реваншот од вторникот кога на „Камп Ноу“ не го предводеше својот Реал Мадрид кој беше елиминиран со вкупен резултат од 1:3.

Ohridnews