Уште пет нови авиолинии се отвораат од скопскиот аеродорм од ноември и декември годинава. Станува збор за летови од Скопје до Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и Келн.

Од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година, рече Николоски.

Посочи дека само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии, додаде Николоски.

OhridNews