Каратистите од клубот Кун-су-то освоија пет одличја на XVI меѓународен карате турнир Кичево опен 2016 организиран од карате клуб Ринија од Кичево, а под покровителство на Македонската карате федерација.


Три од петте медели се сребрени кои ги освоија Тамара Ѓурчиноска (изведба кати), Теодора Танеска (борби) и Јован Наумоски (борби).

Две бронзени одличја освоија во дисциплината борби Јован Маркоски и Петар Трајчески.

На традиционалниот карате турнир во Кичево учествуваа клубови од цела Македонија.

OhridNews