Greuther Fürth : München 1860 1 (1.5)

Вечерва се игра 32-то коло од германската Бундес 2 лига,а наш избор е натпреварот помеѓу Гројтер Фурт и Минхен 1860 и типуваме на домаќинот.

Гројтер Фурт на последните 5 натпревари е без пораз,има две победи и три нерешени натпревари,а вечерва мора да издвојува триумф ако сака да се пласира директно во Бундес лигата.

Од друга страна Минхен 1860 се наоѓаат на 10-та позиција и не се загрозени,а и немаат шанса за пласман.На последните 5 натпревари имаат две победи и три порази.

Според традиција овие две екипи се изедначени и на последните 17 натпревари имаат по 7 победи и 3 нерешени натпревари.

Darmstadt-Erfurt 1 (1.45)

Вечерва во германската Бундес 3 лига се игра 36-то коло,а наш избор е натпреварот помеѓу Дармштад и Ерфурт и типуваме на домаќинот.

Дармштад се наоѓа на 3-тата позиција и со сериозни шанси за пласман во втората Бундес лига,во мометов треба да игра бараж,за да го избегне тоа треба денес да издвојува победа.На последните 5 натпревари имаат три победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

Од друга страна екипата на Ерфурт се наоѓа на 11-та позиција и има опстанок,а нема шанса за пласман во Бундес 2.На последните 5 натпревари имаат две победи и три порази.

Традицијата пак е на страна на гостите кој на последните 5 натпревари имаат 3 победи еден нерешен натпревар и еден пораз.

Cloppenburg-Wolfsburg II 2 (1.5)

Вечерва се игра 30-то коло од германската Регионална лига Север,а наш избор е натпреварот помеѓу Клопенбург и Волфсбург 2 и типуваме на гостите.

Клопенбург се наоѓа на 11-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат една победа и четири порази.

Од друга страна екипата на Волфсбург се на првата позиција и играат за пласман во германската Бундес 3 лига,а на последните 5 натпревари имаат три победи и два нерешени натпревари.

Според традицијата овие две екипи се изедначени,така на последните 3 натпревари имаат по една победа и еден нерешен натпревар.

Werder Bremen II-Hannover 96 II 1 (1.6)

Друг интересен натпревар за типување од германската регионална лига Север е натпреварот Вердер Бремен 2 и Хановер 96 2,а типуваме на домаќините.

Екипата на Вердер се наоѓа на втората позиција со само еден бод негатива во однос на првиот Волфсбург,а на последните 5 натпревари имаат четири победи и еден нерешен натпревар.

Од друга страна пак екипата на Хановер се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи,два нерешени натпревари и еден пораз.

Традицијата е пак на страна на гостите кој на последните три натпревари имаат две победи и еден нерешен натпревар.

Fortuna Köln-Sport. Siegen 1 (1.75)

Вечерва се игра 32-то коло од германската регионална лига Запад,а наш избор е натпреварот помеѓу Фортуна Келн и Сиген и типуваме на домаќините.

Екипата на Фортуна се наоѓаат на лидерската позиција,а на последните 5 натпревари имаат три победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

Од друга страна екипата на Сиген се наоѓа на 4-та позиција со исти скор од три победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.

И традицијата е на страна на домаќинот која на последните 3 меѓусебно одиграни натпревари имаат две победи и еден пораз.

 

Јане Лабоски