Juventus-Fiorentina 1
Попладнево продолжуваат натпреварите од Калчо лигата. Во 12.30 играат Јувентус-Фиорентина,а според нас подобра е екипата на Јувентус која по сите изгледи ќе завршат и како шампиони.
Јувентус на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Милан 0:2,Торино 1:0,Киево 3:1,Интер 3:1) и 1 нерешен натпревар со екипата на Верона со резултат 2:2.
Фиорентина од друга страна пак во последните 5 натпревари имаат 1 победа со екипата на Аталанта со резултат 2:0,1 нерешен натпревар со екипата на Парма со резултат 2:2 и 3 порази (Лацио 0:1,Интер 1:2,Каљари 1:0).
Во последните 10 меѓусебни натпревари помеѓу овие две екипи 5 пати триумфирала екипата на Јувентус,еднаш триумфирала екипата на Фиорентина и 4 пати завршиле нерешено.
Bologna-Sassuolo 1 (2.0)
Друг интересен натпревар за типување е натпреварот помеѓу Болоња и Сасуоло. Типуваме на екипата на Болоња која полека,но сигурно се извлекува од критичната зона,а во последните 5 натпревари имаат 1 победа против екипата на Торино со резултат 1:2,1 нерешен натпревар со екипата на Верона со резултат 0:0 и 3 порази (Рома 0:1,Милан 1:0,Удинезе 0:2).
Од друга страна пак екипата на Сасуоло е во очајна форма и можеби е веќе отпишана од Серија А,и на последните 5 натпревари имаат 5 порази (Парма 0:1,Лацио 3:2,Наполи 0:2,Интер 1:0,Верона 1:2). Досега овие две екипи играле играле само еднаш и победила екипата на Сасуоло со резултат 2:1.
Parma-Verona 1 (1.8)
Во 15.00 играат Парма-Верона,а типуваме на домаќинот. Парма се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Сасуоло 0:1,Аталанта 0:4,Удинезе 1:0) и 2 нерешени натпревари (Фиорентина 2:2,Катанија 0:0).
Од друга страна пак екипата на Верона се наоѓа на 7-та позиција и е во благ пад,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи (Ливорно 2:3,Сасуоло 1:2),2 нерешени натпревари (Болоња 0:0,Јувентус 2:2) и еден пораз од екипата на Торино со резултат 1:3.
Традицијата е пак на страна на екипата на Верона која до сега од 2 натпревари 2 пати триуфирала со резултати 0:2 и 3:2.
Sampdoria-Livorno 1 (1.8)
Во 15.00 играат екипите на Сампдорија и Ливорно.И во овој дуел би требало да триумфираат домаќините.
Сампдорија на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Торино 0:2,Каљари 1:0,Џенова 0:1) и 2 порази (Милан 0:2,Рома 3:0).
Од друга страна екипата на Ливорно на последните 5 натпревари имаа 1 победа против екипата на Каљари со резултат 1:2,2 нерешени натпревари (Наполи 1:1,Катанија 3:3) и 2 порази (Верона 2:3,Џенова 0:1).
До сега овие две екипи имаат одиграно 14 меѓусебни дуели,а подобра била екипата на Ливорно која има 6 победи,3 нерешени натпревари и 5 порази.
Lazio-Atalanta 1 (1.7)
Во 15.00 играат и екипите на Лацио и Аталанта.Според нас подобра е екипата на Лацио која се наоѓа на 8-та позиција и на последните 5 натпревари има 3 победи (Фиорентина 0:1,Сасуоло 3:2,Киево 0:2),1 нерешен натпревар со градскиот ривал Рома со резултат 0:0 и 1 пораз од страна на екипата на Катанија со резултат 3:1.
Екипата на Аталанта пак се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари има 2 победи (Киево 2:1,Наполи 3:0),1 нерешен натпревар со екипата на Удинезе со резултат 1:1 и 2 порази (Парма 0:4,Фиорентина 2:0).
И традицијата е на страна на екипата на Лацио која во меѓусебните дуели со Аталанта има 9 победи,2 нерешени натпревари и 5 порази.
Ohridnews