Од 17 до 19 февруари во Кавадарци ќе се одржи завршницата од Купот на Македонија. Меѓу осумте екипи кои ќе се борат за трофејот е и кошаркарскиот клуб АВ Охрид кој ќе дебитира во куп мечевите.
Противник на „галебите“ во 1/4 финалето е Фени Индустри кој е претедент за висок пласман. Охриѓани минуваат турбелентен период, но ќе мора да се екипираат и да се престават во Кавадарци во вистинско светло.
– За нас е ова нешто ново, првпат сме учесници и за нашите играчи носи поголем товар. Нашата екипа се соочува со големи проблеми. Не напуштија четири играчи меѓу кои и првиот плеј. Ждребот сакаше да паднеме со екипа која е една од најдобрите. За нас останува да се бориме и да настапиме со сета сила. – рече тренерот на екипата, Петар Чочороски.
Свое видување за учеството во Купот даде и капитенот Бранко Јанески. – Купот е голем престиж за играње. Сигурно дека ќе го дадеме својот максимум, иако доста сме ослабени. Се надевам дека ќе постигнеме добар резултат.
Натпреварите започнуваат во петок, а АВ Охрид мечот со Фени Индустри го игра со почеток во 15 и 30 часот. Бранител на трофејот е составот на МЗТ Скопје.
Мх.П.