Од локалната самоуправа со повеќе детали за музичко забавната програма што ќе се одржи на градскиот плоштад по повод новогодишните, божикните празници и Богојавление – Водици.

На дочекот на Новата година, вечерта на 31-ви декември за забавата ќе се погрижат  Ефто Пупиноски, групата Камелеон и Ѓоко Танески.

На 2-ри јануари, се најавува неповторливо музичко доживување со Марко Луис, а на 5-ти јануари ќе се слушаат ретро Палас хитови со дџ Ванчо.

На 11-ти јануари ќе има џез, соул и фанк забава со Владимир Василевски – Четкар, а на 18-ти јануари концерт ќе одржи популарната хрватска музичка ѕвезда, Петар Грашо.

На Денот на рибарите на градскиот плоштад ќе настапи Миле Кузманоски.