Македонската кошарка нема да има нов предводник, откако стариот, Петар Наумоски ја доби довербата на вондредното собрание кое се одржа во Скопје.


Од 28 гласови, старо-новиот претседател на Македонската кошаркарска федерација на тајното гласање доби доверба од вкупно 18 гласови, доволно за останување на чело на македонската кошарка.

Наумоски, за претседателската функција имаше двајца против кандидати, и тоа Боби Јосифовски и Абдурахман Бајрактар.

Фото: Архива
OhridNews