Во третото финале во последните четири години, по две порази во третиот обид Баерн Минхен стигна до трофејот во Лигата на шампиони. По пауза од 12 години, “баварците“ по петти пат го носат трофејот во своите витрини.

Првиот трофеј го освоија во 1974 година кога го совладаа Атлетико Мадрид. Првиот меч заврши 1-1, додека во повторениот , два дена подоцна славеа со головите на Хенес и Мулер и тоа со убедливи 4-0. Една година подоцна во финалето го победија Лидс со 2-0. Третата титула во низа ја освоија против Ст.Етиен со минимален триумф од 1-0.

Пред 12 години во финалето во Милано играа против Валенсија и по регуларните 1-1, на пенали ја освоија својата четврта титула.

Покрај петте триумфи, Баерн има и пет порази во големите финалиња. Единствено Реал (12) и Милан (11) играле повеќе финалиња од “баварците“. Токму Реал (9) и Милан (7) имаат повеќе титули од Баерн кој по овој триумф се изедначи со Ливерпул на вечната листа.

Во својата историја, “баварците“ освоиле и два наслови светски клупски прваци, купот на Уефа, Купот на победниците на куповите, 23 титули во Бундес лигата, 21 пат го освоиле германскио куп а пет пати домашниот Суперкуп.

Покрај Баерн уште Хамбургер и Борусија Дортмунд се германски тимови кои триумфирале во Лигата на шампиони.

ohridnews