Од општинската ВМРО ДПМНЕ бараат итна реакција од локалната самоуправа во врска со градењето на бетонската база на брегот на Охридското Езеро. На денешната прес конференција советничката Лидија Петкоска рече дека Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен под УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници.
- Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот. Бетонската база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското езеро кое е природно богатство на Македонија. Ја повикуваме централната власт веднаш да преземе мерки за запирање на ова дивеење сред Охрид и доколку во најкраток можен рок ништо не се преземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи, рече Петкоска.
Додаде дека законот е јасен и дециден и дека дивеењето на урбаната мафија мора да запре.
- Мора да бидат преземени мерки согласно законот. Секој оној кој сега спротивно на закон овозможува хаос и градење без дозвола, ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Македонија, потенцира Петкоска.
OhridNews












