Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.

Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочитал неговото барање, кое е прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.
OhridNews











