“Лигата на Петлиња“ која е во организација на Сојузот на Училиштен спорт, а под покровителство на Општина Охрид е во завршна фаза. Професорот во основното училиште Дебрца, Марјан Бошалески е задоволен од прикажаното до сега и се надева дека ќе ваквите натпреварувања ќе прераснат во традиција.
– Ова ќе биде голема афирмација за децата. На вакви натпреварувања ние професорите сакаме да им го всадиме спортскиот дух на дечињата. Кога ќе победат да се радуваат, а да се големи и во поразите да подадат рака – истакна Бошалески.
Професорите Цветковиќ и Бошалески заедно ја предводат екипата на Дебрца. По осум одиграни рунди, дечињата со три победи и четири порази се наоѓаат на седмата позиција.
– Ние доаѓаме од Дебрца, која е друга општина и децата со нетрпение ги очекуваат следните мечеви. Завршува еден натпревар, се договараат како да ги одиграат другите. Јас сум задоволен од постигнатите резултати, со оглед на фондот на деца со кој располагаме – заврши Бошалески.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com