Петмина обвинети во случајот Шпион, на кои повторно им се судеше, денеска добија ослободителни пресуди. Помеѓу нив се поранешниот генерал Горан Стојков, Марјан Маџоски поранешниот шеф на кабинетот на екс собранискиот спикер Трајко Вељаноски, поранешниот вработен во МВР Цветан Дамјановски, Миќо Насковски и Георги Хаџи Мицев.

Првично сите обвинети во Шпион беа прогласени за виновни и осудени на затворски казни, Апелација дел од казните потврди, дел укина или намали, а за дел ги врати на повторно одлучување.

Тие се товареа со повеќе дела меѓу кои шпионажа, уцена, измама и злосторничко здружување, а повторно им се судеше за неовластено поседување на оружје.

Случајот од редовното во 2016 премина во Специјалното обвинителство.

OhridNews