Синоќа во 19.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с. Мешеишта и с.Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36-годишно лице од с.Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишно лице од од Скопје.

Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле двајца  сопатници во возилото „Опел Мерива“, на возраст од 61 и 66 години. Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобил уште еден сопатник во возилото „Опел Мерива“ на возраст од 36 години од Скопје, како и возачите на двете возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Охрид.

OhridNews