Најмалку пет луѓе загинаа денес кога хеликоптер удри во антенски столб во предградие на Истанбул. Хеликоптерот удрил во столбот во услови на густа магла во предградието Бујукчекмеџе, а како што информираат медиумите, во леталото биле двајца пилоти, четворица странски и еден турски државјанин.

Локалниот градоначалник Хасан Акгун за тв станицата НТВ изјави дека видел пет тела кај местото на падот и делови од хеликоптерот на локалниот автопат и околните ливади.

Гувернерот на Истанбул потврди дека пет луѓе загинале, при тоа додавајќи дека хеликоптерот припаѓал на приватна компанија и дека полетал од аеродромот Ататурк.

OhridNews

извор Макфакс