Петок 13-ти се смета за најмалерозен ден во годината, но тоа не ги поколеба обложувачите во Охрид да си ја завршат „домашната работа“. 


Низ спортските обложувалници во Охрид владееше нормална атмосфера и никој не ни говореше за денешниот ден кој не е омилен кај играчите на игри на среќа.

– Не му придаваме значење на овој ден бидејќи обложувањето исто како и бингото и лотото е игра на среќа. Само што во обложувањето имаш повеќе опции за игра отколку во бингото и лотото. – коментираа обложувачите.

Вработените пак во обложувалниците не осеќаат некоја разлика во уплатата од останатите денови. – Иста е уплата нема ниту повеќе ниту помалку. Првенствата во фудбал завршуваат и таму повеќето обложувачи се насочуваат.

Во зависност од крајните резултати една страна по добро ќе го памети овој петок 13-ти.

OhridNews