Европската куќа на фудбалот (УЕФА) в петок на 14 јули преку е-маил порака ќе ги извести среќните добитници на билети за Супер купот на Европа кој ќе се одигра во Скопје на 8 август.
На „Телеком Арената“ силите ќе ги одмерат победникот од Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и шампионот од Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед.
Аплицирањето за билети заврши минатата недела, односно на 4 јули. Интересот за билети и за се останато е голем, бидејќи се работи за едни од најдобрите и најатрактивните клубови во светот.
УЕФА вкупно ќе подели 23 000 билети, а еден човек можеше да аплицира за 4 билети најмногу и тоа со наведени лични податоци за сите апликанти.
OhridNews