
Според одлуката, место досегашните 1.190 денари ќе треба да платат надомест од само 250 денари, односно петпати помала цена.
„Владата ја намали и цената за основање на фирма од студенти и по пат на хартиен поднесок и наместо досегашните 2.424 денари надоместокот сега ќе изнесува 1.199 денари или за половина помалку“, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
Според Владата, овие намалени цени за пет, и за двапати, се голема придобивка за младите, и уште едно исполнето ветување на Владата што е јасен доказ дека младите лица и студентите се во фокусот на владините политики, и оваа можност ќе придонесе за поддршка на отворање на бизниси и за развој на бизнис плановите на младите луѓе, со што се придонесува кон нивното вработување и остварување на приходи.
извор:„Макфакс“












