– Десетина години наназад секаде во Европа беше во мода да се прават пешачки патеки од бекатон, но тоа во последните години се менува и се практикува повеќе овие патеки да се асфалтираат со друг вид на асфалт, гумиран, заради тоа што се повеќе луѓето покрај тоа што пешачат користат ролери или се рекреираат на пешачките патеки во урбаните средини.-рече Петрески.
Градоначалникот појаснува дека има и други практични причини зошто се асфалтираат пешачките патеки во Охрид.
-Пешачките патеки на булеварот „Туристичка“ се изградени пред триесетина години со бетон кој сега е толку оштетeн што по нив не може ниту да се пешачи, а камоли да се рекреира. Ние за да ги поплочиме сега тие патеки треба да го кршиме бетонот, да го отстраниме, а шутот да го подигнеме и депонираме, како и да го тампонираме и подготвиме теренот за поплочување. Само постапката за отстранување на бетонот чини колку поставување на асфалт. – објаснува Петрески.
Тој истакна дека ќе се асфалтираат тротоарите по целата на должина на булеварот, при што ќе се води сметка за падот на водата, односно повеќе на истите нема да се задржува вода што ќе придонесе за непречено движење на луѓето.
Покрај булеварот Туристичка ќе се афалтираат пешачките патеки и на улиците „Јане Сандански“, „Никола Карев“ и „Сирма Војвода“, со што ќе се оформи една целина, најави градоначалникот Петрески, додавајќи дека ваквото решение ќе биде двојно поевтино и попрактично отколку да се поплочуваат старите тротоари.