Според кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Александар Петрески, изборната кампања која е во тек се одвива на ниско ниво и со секојдневните посети на министрите по домовите на Охриѓани. Како што рече, при тоа заборавајќи дека треба да се во своите работни кабинети каде ќе ја работат работата за која се избрани.

– Оваа сабота ги видовме Спироски и Коњаноски во Лакочереј што практично значи злоупотреба на нивната позиција. Истото го прави и противкандидатот Бакрачески, секојдневно одејќи од куќа на куќа мислејќи дека граѓаните заборавиле колку тие чекале пред вратите кога одат на преглед во Центарот за кариологија – Охрид , каде тој е претпоставен. Имаа цели седум години да ја средат оваа земја, цели три години Охрид го оставија без хирургија и гинекологија, и место со Тодоров да ја средат оваа состојба, Бакрачески чекал да стане градоначалник, па да отиде во Португалија за да го примени нивниот здравствен систем, рече Петрески.

Тој потенцира дека сето она што го ветил и што било во негова надлежност го остварил.

– Ветувам дека ќе ги остварам и другите проекти и дека за неколку месеци ќе имаме нова централна власт. Јас сум градоначалник на сите граѓани без оглед на политичката отределба . Охриѓани го знааат тоа . Иако тие требаа да ме повикуваат на дуел, истите мудро се кријат затоа што позади нив не седат дела, туку само лажни реклами и смешни изговори, додаде Петрески.

OhridNews